• петок, 27 декември 2024

Штипскиот градоначалник се закани со судска постапка против изведувачаот на градбата на спортското игралиште во Балканска

Штипскиот градоначалник се закани со судска постапка против изведувачаот на градбата на спортското игралиште во Балканска

Штип, 25 јуни 2022 (МИА) - На спортското игралиште во штипската населба Балканска е забалежана неквалитетна изградба за што до изведувачот е испратен писмен допис, а Општината ќе започне и судска постапка доколку и понатаму изведувачот не одговора на дописот, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

- Веќе изведувачот има писмен допис. Нормално, доколку не постапи според дописот, ќе има судска постапка и истиот ќе има обврска да го обештети износот којшто Општина Штип го има исплатено кон него, доколку не го коригира и не го направи одново. Станува збор за работа којашто во целост не зависи од нас. Во зависност од тоа како ќе постапи изведувачот којшто неквалитетно го има изградено тоа игралиште, така ќе постапиме во следните чекори, вели Јорданов.

Тој истакна дека  игралиштето во населба Балканска не е единствен проект, каде е забележано  неквалитетна изградба. Општина Штип има доставено уште неколку други налози за корекција на штета на изведувачите.

-Морам да бидам искрен, на многу проекти, на многу делови каде што се извдуваат одредени активности има пропусти, коишто се на штета на економските оператори и на фирмите коишто работат, затоа што тие имаат доставено банкарска гаранција и гарантираат за квалитетот на изградба и доколку не соодвествува според она за што Општината распишала тендер, истото ќе го отстранат и ќе го коригираат. Веќе доставивме неколку такви налози. Тоа е единствениот начин како може рационално да ги трошиме парите на граѓаните, затоа што надзорот е единствениот механизам“, додаде Јорданов.

Недостатоците на игралиштето беа констатирани пред точно еден месец. Ваквиот проблем не е нов, претходно на штета на изведувачот по вторпат беше асфалтиран и дел од улицата „Кеј Маршал Тито".вдј/бт/

Остани поврзан