• четврток, 19 декември 2024

Штипскиот градоначалник од вечерва почнува со „Отворен ден со граѓаните“

Штипскиот градоначалник од вечерва почнува со „Отворен ден со граѓаните“
Штип, 9 февруари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, директорите на штипските јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“, како и вработените во урбанизам и инспекциските служби од вечерва почнуваат со средби со граѓани во рамки на проектот „Отворен ден со граѓаните“. Вишна Шорова-Ангелова, од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, појаснува дека средбите со граѓаните ќе се одржуваат секоја среда во 18 часот во холот на салата на Советот на Општина Штип. - Граѓаните ќе се упатуваат до надлежните служби и на лице место ќе може да се информираат за решавањето на нивните проблеми, односно која од службите е надлежна и за колку време може да се реши, вели Шорова-Ангелова. Посочи дека преку реализирањето на „Отворен ден со граѓаните“ градоначалникот и службите работат одговорно и транспарентно за решавањето на проблемите. вдј/цр

Остани поврзан