• вторник, 24 декември 2024

Штипскиот градоначалник на средби со наградени спортисти и ученици

Штипскиот градоначалник на средби со наградени спортисти и ученици

Штип, 4 јуни 2024 (МИА) - Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска оствари средби со претставници од Кик бокс клубот „Гладијатор Фајт" и карате клубот „Штип" кои освоија награди на првенства во Црна Гора и во Турција, како и со ученици од гимназијата „Славчо Стојменски“ кои ќе се натпреваруваат на светската Олимпијада по хемија во Саудиска Арабија.

Во соопштението од Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип се наведува дека Кик бокс клубот „Гладијатор фајт" на Балканското првенство во Бар има освоено еден бронзен и два сребрени медали.

- Марио Алексов освои бронзен медал, додека Андреј Алексов и Јован Јанковски се закитија со сребрени медали под менторство на тренерот Шенол Асанов. Марко Џорлев од карате клубот „Штип" исто така на Балканско првенство во Истанбул, Турција го освои златниот медел.Негови тренери се браќата Жарко и Сашко Арсовски, се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.

Градоначалникот денеска во Кабинетот имал средба и со средношколците од штипската гимназија Марио Ванчоски и Иван Костевски, кои беа дел од националната експедиција која учествуваше на Олимпијада по хемија во Кина, а исто така овие ученици изборија пласман да се натпреваруваат на светската Олимпијада по хемија што ќе се одржи наредниот месец во Ријад, Саудиска Арабија. вдј/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан