• недела, 06 октомври 2024

Штипскиот градоначалник на средба со активисти за заштита на бездомните кучиња

Штипскиот градоначалник на средба со активисти за заштита на бездомните кучиња
Штип, 11 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и претставници на здруженијата за заштита на кучињата скитници денеска имаа средба по реакцијата на активисти дека со избор на кумановска фирма за третирање на бездомните животни ништо нема да се промени. По средбата Јорданов истакна дека е донесен заклучок да се врши поголем надзор врз економскиот оператор, како и во случај доколку не се третираат кучињата соодветно, договорот веднаш ќе се прекине. - Доколу стационарот не ги исполнува стандардите, нормално дека ќе интервенираме и ќе имаме основ за раскинување на договорот, вели Јорданов. Посочи дека дополнително се размислува за изработка на проект за стационар, кој ќе биде функционален и од наредната година не би требало економски оператор да се грижи за кучињата скитници. Дали ќе се приспособи веќе изградениот или ќе се гради нов зависи од анализите, посочи Јорданов. - Веќе општината размислува за изработка на проект за стационар кој ќе биде според сите стандарди, кои се за заловување и чување на бездомни кучиња, нормално во комуникација и соработка со здруженијата за да практично ги намалиме финансиските трошоци, кои ќе ги имаме на годишно ниво за распишување на тендерска постапка со приватен економски оператор за заловување чување на бездомни кучиња, рече  Јорданов. Кирил Јорданов, вработен во Општина Штип појаснува дека на вториот јавен повик се пријавени две фирми и двете од Куманово. Фирмата која имала подобра понуда ќе се грижи за кучињата скитници. -Во моментот оваа сума која ја издвоивме од буџетот за третирање на кучињата е направена аналогно на сѐ претходно и во комуникција со луѓе кои на терен се занимаваат со благостостојбата на кучињата бездомници од самите здруженија. Очекуваме бројот на кучиња да варира, но ова е сепак цифра која планираме да биде од околу 100 до 150 кучиња, вели Јорданов. Тендерската постапка  за третирање на бездомните кучиња е во вредност од речиси три милиони денари, а бројот на кучиња оставени на улица во Штип е варијабилен односно променилив. Истовремено, општината троши финасиски средства за покривање на трошоците на граѓани кои се каснати од куче скитник. вдј/цр/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан