• среда, 25 декември 2024

Штипската филтер станица се приклучува на цевковод на ХС „Злетовица“

Штипската филтер станица се приклучува на цевковод на ХС „Злетовица“
Штип, 4 февруари 2021 (МИА) - Почна приклучувањето на штипската Филтер станица со цевководот на хидросистемот „Злетовица“. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев вели дека денеска и утре ќе  работи на поставување на нов цевковод, со што Филтер станица ќе биде поврзана со цевковод на Злетовица, затоа проблеми со водоснабдувањето, прекини од неколку часа и намален притисок се очекува да имаат населбите од повисоките зони. -Оваа активност не само денеска, ќе продолжи и во петок се до спојување на овој цевковод во веќе отсранетиот, за да може да се нормализира водоснабдувањето. Знаете дека оваа инвестиција е 4,5 милиони евра, вели Тасев. Комплетната адптација на штипската Филтер станица за вода за пиење ќе овозможи дистрибуција на вода и до 300 литри во секунда, со што Општина Штип во наредните неколку децении ќе го реши проблемот со водоснабдувањето. Тасев замолува граѓаните да бидат стрпливи, бидејќи се работи за голема инвестиција за градот и неговите жители. вдј/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан