• понеделник, 18 ноември 2024

Штипската населба Стар Караорман доби ново игралиште

Штипската населба Стар Караорман доби ново игралиште

Штип, 13 април 2023 (МИА) - Ново повеќенаменско игралиште денеска се пушти во употреба во штипската населба Стар Караорман. Повеќенаменското игралиште е во вредност од 2,3 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека станува збор за уште едно во низата спортски игралишта со специјализирана подлога на кои и претходно се работеше во неколку населени места.

-Во изминатите денови овде се работеше на поставување на нова специјализирана тартан подлога на повеќенаменското спортско игралиште за мал фудбал и за баскет. Еве, денес го пуштаме во употреба ова реконструирано, модерно игралиште, вели Јорданов.
 
Жителите на населеното место посочија дека ововој проект е од голема важност за нив.
 
Градоначалникот Јорданов посочи дека во следниот период ќе се работи на асфалтирање улици, мал плоштад и спортска сала која ќе биде во склоп на тамошното училиште, а ќе може да се користи како за часовите на учениците, така и од страна на жителите во слободно време.
 
-Работиме на еден мал плоштад во ова населено место со детски реквизити, со летниковец, со поставување на урбана опрема. Исто така, ќе се работи на целосно осветлување на ова спортско игралиште и на други содржини во населбата. Најавувам дека во наредните недели ќе се асфалтираат и останатите краци во населбата коишто досега никогаш не биле асфалтирани. Со ова верувам дека ќе успееме да придонесеме да се подобрат условите за живот. Од следната недела работиме на изработка на проект за реконструкција на еден објект којшто е до постоечкото училиште, спортски објект којшто верувам дека ќе биде од корист на учениците, но ќе го користат и жителите од самата населба, додаде Јорданов.вдј/фф/   
 
Фото: МИА

Остани поврзан