• четврток, 26 декември 2024

Штипската населба „Осми Ноември“ ќе добие нов парк

Штипската населба „Осми Ноември“ ќе добие нов парк

Штип, 12 октомври 2022 (МИА) - Штипската  населбата „Осми Номеври“ ќе  добие повеќенаменски парк.  Паркот ќе биде со вештачка трева, целосно ограден и осветлен, а ќе добие и нови летниковци и детски реквизити. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција најави дека инвестицијата е вредна над 1,5 милион денари, обезбедени од буџетот на Општина Штип.

-Овде се работи, се уредува повеќенаменски парк со различни содржини. Се работи на поставување на вештачка трева за мал фудбал, практично терен кој ќе биде ограден и осветлен, поставување на специјализирана подлога за баскет. Исто така ќе се врши партерно уредување, ќе се поставуваат нови содржини од типот на летниковци, детски реквизити. Целата оваа површина ќе биде осветлена, вели Јорданов.

Најави дека и  истовремено ќе се работи и на уредување на содржини и во останатите населби во градот. Според него секое катче заслужува внимание и ќе го добие, а со тоа граѓаните ќе имаат свое катче за уживање.

-Ќе се уредуваат и парковите во населбата Пребег, во Сењак 4, Караорман, Автокоманда, така да етапно влегуваме во секоја населба. Во населбата Балканска денеска се работи на спортското игралиште, кое има обврска економскиот оператор одново да го реализира и да го напарави. Секоја населба на територија на Општина Штип заслужува и ќе го добие вниманието, ќе се изградат нови содржини за најразни генерации од најмлади до највозрасни, додаде Јорданов.

Во изминатиот период на територија на Општина Штип се уредија спортски и детски игралишта во повеќе населби. Со тартан подлога се игралиштата во штипско Ново Село, Железничка, Баби, а игралишта добија и Три чешми и Кадидере. вдј/дма/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан