• вторник, 24 декември 2024

Штипската населба Баби доби комплетен нов парк

Штипската населба Баби доби комплетен нов парк

Штип, 7 септември 2023 (МИА) - Во пресрет на Денот на независноста вечерва во употреба е пуштен новиот делот со спортски и детски содржини од паркот во штипската населба Баби. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека овој ден треба да ни биде патоказ за тоа како во 1991 година ја замислувавме оваа држава.

-Мојата порака е дека Македонија треба да се сака, негува и да се грижиме за неа со искрен пристап и голема посветеност, да ја градиме, доградуваме и надградуваме, да ја чуваме чиста, да не ја загадуваме, да воспитуваме генерации кои ќе се грижат за околината во која живеат, вели Јорданов.

Посочи дека инвестицијата е од 4,5 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Бирото за рамномерен и регионален развој и Општина Штип.

-Овој парк може да се вика Парк на независноста, затоа што ќе нѐ потсетува дека треба да останеме доследни на првичната идеја за независна Македонија…Овој парк затоа и треба да го чуваме, како да ја чуваме државата, затоа што само колективната грижа и свест за државата и она што нѐ опкружува претставува искрен патриотизам и родољубие, рече Јорданов.

Паркот во штипската населба Баби има нови реквизити, фонтана, игралишта и патека за велосипеди. вдј/сх/ 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан