• сабота, 23 ноември 2024

Штипската Клиничка болница се поднови со апарат за гастроскопија и колоноскопија

Штипската Клиничка болница се поднови со апарат за гастроскопија и колоноскопија

Штип, 3 ноември 2023 (МИА) - Во Клиничка болница-Штип денеска беше промовиран новиот апарат за гастроскопија и колоноскопија. Директорот на  Клиничка Болница Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека овој апарат е набавен со сопствени средства, односно од буџетот на болницата, а чини над шест милиони денари. Ѓеорѓијев потенцира дека со ова се решаваат проблеми на пациентите од Штип и Брегалничкиот регион кои нема да трошат време и пари одејќи на преглед во Скопје. Според него дополнителен факт кој радува е кадровски добро опремениот оддел, кој во моментот располага со четири доктори.

-Овој апарат е набавен со сопствени средства на болницата, чини 6.100.000 денари. Но, поважниот дел е кадарот кој го имаме овде. Морам да напоменам дека сум многу горд бидејќи покрај доктор Дончевски има уште три млади доктори на овој оддел, вели Ѓеорѓијев.

Станува збор за апарат со кој ќе се прават интервенции за иследувања на желудникот и дебелото црево. Ова е нов и модерен апарат кој се става во функција на пациентите. Лекарот Сашко Михајлов вели дека секој втор или трет граѓанин над 40 годишна возраст има проблеми со желудникот или дебелото црево.

-Потребата е честа, кај секој втор или трет пациент над 45 години треба да има иследување на желудникот или дебелото црево. Дневно со апаратурата која ја имаме шест до седум пациенти може да се прегледаат, рече Михајлов.

Тој додаде дека со новиот апарат пациентите ќе добиваат поквалитетни и навремени услуги во Клиничка болница-Штип. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан