• четврток, 26 декември 2024

Штипската касарна го одбележа патрониот празник

Штипската касарна го одбележа патрониот празник
Штип, 21 април 2022 (МИА) - Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска со положување свежо цвеќе и пригодна манифестација се одбележаа патрониот празник 107 годишнина од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански. На настанот присуствуваше и градоначалникиот на Општина Штип, Иван Јорданов, преставници од музичкото и текстилното училиште во Штип, како и претставници од здружението на борци. Потполковник, Стојанче Костов, командант на касарната „Јане Сандански“ се обрати пред припадниците на АРМ и гостите од општините од источниот регион. -Денес го одбележуваме 22 април, 107 години од смртта на нашиот истакнат револуционер, војвода, пиринскиот цар Јане Сандански. Воедно денес го чествуваме и патрониот празник на касарната чие име од формирањето на македонската Армија, од април 1992 година гордо го носи нашата касарна, а во градот под Исарот името на големиот револуционер и војвода е испишано на таблата на средното општинско медицинско училиште, вели  Костов. Одбележувањето започна со изведба на македонската химна изведена од страна на ученик од средното музичко училиште, а заврши со изведба на неколку музички точки. вдј/цр

Остани поврзан