• сабота, 23 ноември 2024

Штети во повеќе населени места од невремето во Општина Лозово

Штети во повеќе населени места од невремето во Општина Лозово
Велес, 26 мај 2022 (МИА) - Невремето проследено со силен ветер што се случи синоќа околу 18 часот предизвика штети во неколку населени места во Општина Лозово: Милино, Сарамзалино, Дурфулија и Аџиматово. Штетата е пред се поради паднати дрвја. Оштетена е куќа, како и магацински простор кога настрешница паднала нарРегионалниот пат и го блокирала. -Имаше и оштетување на електро мрежата поради што одделни делови од овие села синоќа неколку часа беа без електрична струја, информира за МИА Бошко Цветковски градоначалник на Лозово кој со своите екипи е на терен за утврдување на штетите. Цветковски информира дека од невремето со силен ветер во село Милино е оштетен магацин на поранешен ЗИК Џумајлија, а  сега приватна фирма каде паднала настрешница и го блокирала регионалниот пат кој поминува низ селото. Во селото Сарамзалино паднале и дрвја врз кров од една семејна куќа и ја оштетиле. Во селото Дурфулија имале преплет на жиците за електрична енергија поради што поголем дел од ова населено место синоќа неколку часа немало струја. Исто така прекин на електричната енергија поради оштетена електро мрежа синоќа неколку часа имало и во селата Сарамзалино и Аџиматово. Екипи на ЕВН веднаш излегле на терен и го отстраниле  дефектот, по што по неколку часа прекин овие населени места синоќа повторно добиле електрична струја. ад/ев/ МИА Фото: Архива  

Остани поврзан