• четврток, 19 декември 2024

Штербик преживеа срцев удар

Штербик преживеа срцев удар

Веспрем, 1 мај 2024 (МИА) – Поранешниот ракометен голман на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар, објави унгарскиот клуб Веспрем.

Во информацијата на клупската страница на Веспрем стои дека Штербик вчера наутро имал срцев удар и веднаш бил хоспитализиран.

- Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не патуваше со тимот за мечот од ЛШ со Алборг. Арпи се чувствуваше лошо утрото, отиде во болница каде што му  беше дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата лекарска интервенција, Штербик денеска се чувствува подобро и веќе утре би требало да го напушти одделението за интензивна нега. Му посакуваме на Арпи брзо опоравување и со нетрпение го очекуваме неговото враќање, објави Веспрем.

Штребик беше дел од тимот на Вардар кој го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите. зс/

Фото: Фејсбук Веспрем

Остани поврзан