• петок, 30 август 2024

Штабот на Трамп го окарактеризира кандидатот за потпретседател Тим Валц како „опасен левичар“

Штабот на Трамп го окарактеризира кандидатот за потпретседател Тим Валц како „опасен левичар“

Вашингтон, 6 август 2024 (МИА) - Предизборниот штаб на американскиот претседателски кандидат од Републиканската партија и поранешен американски претседател Доналд Трамп денеска го опиша потпретседателскиот кандидат на Камала Харис како „опасен левичар“.

Изборниот штаб на Трамп го соопшти ова набргу откако неколку американски медиуми објавија дека гувернерот на Минесота, Тим Валц, бил избран од кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, Камала Харис за нејзин потпретседателски кандидат.

„Како и Камала Харис, Тим Валц е опасен левичарски екстремист. Сонот на Харис и Валц" да ги трансформираат Соединетите Американски Држави по моделот на Калифорнија е „кошмар за секој Американец", рече Каролин Левит, портпаролка на кампањата на Трамп.

Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември. паг/

Фото: ЕПА



 

 

Остани поврзан