• вторник, 19 ноември 2024

Шредер веќе не е почесен член на ДФБ поради блискоста со Путин

Шредер веќе не е почесен член на ДФБ поради блискоста со Путин
Берлин, 11 март 2022 (МИА) – Германската фудбалска федерација (ДФБ) го повлече денеска почесното членство на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер поради неговите тесни пријателски и бизнис врски со рускиот претседател Владимир Путин. - Рускиот напад на Украина е спротивен на меѓународното право и затоа е неспоив со нашите вредности. За жал, Герхард Шредер не ги прифати бројните барања за јасен став против оваа војна, изјави вршителот на должноста претседател на ДФБ, Рајнер Кох. Одлуката доаѓа неколку денови, откако Кох му постави ултиматум на Шредер да ги напушти функциите што ги извршува во руски компании или да се повлече од членство во ДФБ. Борусија Дортмунд од истите причини во средата му ја одзеде на поранешниот канцелар титулата почесен член на клубот. ег/aa/

Остани поврзан