• среда, 20 ноември 2024

Шпигел: Шолц даде зелено светло за испорака на тенкови „Леопард“ во Украина

Шпигел: Шолц даде зелено светло за испорака на тенкови „Леопард“ во Украина

Берлин, 24 јануари 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати тенкови Леопард 2 во Украина и да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат истото, објави вечерва магазинот Шпигел.

Претходно денеска, Полска официјално побара одобрение од Берлин за извоз на тенковите, а германската Влада најави дека ќе одговори на ова прашање што е можно поскоро.

Според весникот, одлуката се однесува на најмалку една батерија тенкови „Леопард 2 А6“.

Другите сојузнички земји, како што се скандинавските, изразиле намера, заедно со Германија, да испорачаат своите „леопарди“ на Киев, пишува „Шпигел“.

Шолц досега инсистираше на тоа Германија да не дејствува одвоено од нејзините сојузници во НАТО во испраќањето нови категории тешко вооружување, поради загриженоста дека таквите потези може да предизвикаат ескалација со Москва.

Германските официјални лица секогаш јасно кажуваа во приватни разговори дека ќе испратат или ќе дозволат други да испратат „Леопарди“ во Украина само доколку САД го испратат својот главен борбен тенк „М1 Абрамс“.

Весникот „Вол Стрит Џурнал“ денеска објави дека САД би можеле нивните тенкови „М1 Абрамс“ да ги испратат во Украина како дел од поширок меѓународен пакет што ќе ги вклучува и германските „Леопарди“. ссм/

Остани поврзан