• петок, 27 декември 2024

„Шпаркасе банка“ со позитивни резултати во првата половина од годинава, во фокусот зеленото финансирање

„Шпаркасе банка“ со позитивни резултати во првата половина од годинава, во фокусот зеленото финансирање

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - „Шпаркасе банка“ која е дел од Ерсте групацијата, во првата половина од годинава бележи позитивни резултати. Забележан е раст на кредитното и депозитното портфолио, а во делот на зеленото финансирање 30 проценти од кредитната линија е насочена кон инвестиции што им помагаат на малите бизниси да ја подобрат енергетската ефикасност. 

Според претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, Санел Кустурица, во првата половина од годинава остварени се одлични резултати - позитивен финансиски резултат од 939 милиони денари, раст на вкупното кредитно портфолио од 10 проценти и на депозитното портфолио од 17 проценти.

- Со своите заложби и активности што ги остваруваме преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка АД Скопје е во процес на трансформација во комплетно одржлива банка. Една од нашите најважни идни перспективи е да бидеме одржлива банка што одговара на потребите на денешницата, без притоа да ја компромитира иднината и потребите на следните генерации, рече Кустурица на денешната средба со новинарите.

Особено се горди, како што рече, на зеленото финансирање и на тоа што 30 проценти од кредитната линија е насочена кон инвестиции во овој дел. Најголеми зелени проекти, за чие финансирање Банката има одвоено 86 милиони евра се „Thor Impex“ за изградба на првата приватна ветерна електрана во Богословец, „Heliocentrum“ (Javor Group) за изградба на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија, „Vardar Bio Process“ за изградба на електрани за производство на електрична енергија од биогас и „MHE Topolki“ за изградба на четири мали хидроцентрали.

Годинава, оваа банка во соработка со Министерството за образование и наука го реализира и проектот за субвенциониран студенски оброк.

„Шпаркасе Банка“ има 36 филијали и 140.000 активни клиенти. Во неа се вработени 672 лица од кои 73 проценти се жени. Од нив, 56 проценти се на менаџерски позиции. бак/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан