• четврток, 26 декември 2024

Шпаркасе банка известува за измамничка кампања поврзана со картичките за студентски оброк

Шпаркасе банка известува за измамничка кампања поврзана со картичките за студентски оброк

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Шпаркасе банка ги известува студентите дека денеска е забележана измамничка кампања, претставена како линк креиран од Шпаркасе банка. Студентите овој линк го добиваат преку нивната е-меил пошта или преку СМС-порака, кој доколку го кликнат ги води до лажна веб-страница, која не е во сопственост на Шпаркасе банка.

-Оваа лажна платформа и условите во склоп на истата, бара од студентите да ги внесат нивните лични податоци, за да се регистрираат за „членство на студентски оброк“, а дополнително бараат платежни податоци од нивните родители со скенирање на „QR“ код или со кликање на копчето „Регистрирај се“. Кога примачот ќе ги внесе податоците, преку „бот мрежа“ напаѓачите прават трансакции преку интернет, со податоците од картичката додека има расположливи средства или до достигнување на лимитот за интернет трансакции,  инфоирмита Шпаркасе банка. 

Доколку студентите кликнале на линкот од електронската пошта или порака, и оставиле податоци за платежната картичка, преку системите за електронско или мобилно банкарство, треба да ги постават интернет лимитите на 0 и веднаш да го контактираат контакт центарот на Шпаркасе банка 02/15050 за да ја блокираат картичката.

-За да се заштитите од тековните напади, доколку сте добиле таква е-маил или СМС порака, не ги оставајте Вашите лични податоци или бројот на Вашата картичка, CVV2 број (трицифрениот број испечатен на задната страна на Вашата картичка) или датум на истекување на картичката. Шпаркасе Банка се идентификува со користење  соодветен валиден сертификат (https), којшто спречува напади од ваков вид. Дополнително, „Phishing мејлот“  води до адреса, која не е на Банката и сертификатот не е валиден, наведува банката во известувањето. 

Шпаркасе банка АД Скопје ги известува студентите да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни линкови кои ги добиваат преку СМС-порака, електронска пошта или на социјални медиуми.

Укажува дека аплицирањето за кобрендираната картичка за субвенциониран студентски оброк се врши исклучиво преку веб-страницата на Министерството за образование и наука е-услуги, а податоците се ажурираат преку официјалната e-платформа на Шпаркасе банка. хс/са/

Фото: Шпаркасе банка 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан