• петок, 27 декември 2024

Шпан: Членките на ЕУ планираат да почнат со вакцинација против коронавирусот на 27 декември

Шпан: Членките на ЕУ планираат да почнат со вакцинација против коронавирусот на 27 декември
Берлин, 17 декемви 2020 (МИА) - Сите земји-членки на ЕУ планираат да започнат вакцинација против коронавирусот на 27 декември, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.  - Во Германија ќе почнеме на 27 декември, ако дозволата пристигне како што беше планирано. Другите земји на ЕУ исто така сакаат да започнат на 27 декември, рече Шпан пред онлајн состанокот со канцеларката Ангела Меркел и лидерите на германската фармацевтска компанија „Бионтек“. Како членка на Унијата, Германија е должна да почека Европската медицинска агенција да ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“, што се очекува на 21 декември. - Фактот дека во ваква глобална вонредна состојба вакцина како оваа излегува на пазарот толку брзо е резултат на големото индивидуално достигнување на истражувачите, но и на нашиот пристап. Ние веруваме во наука, ја поддржуваме науката, рече Меркел. паг/    

Остани поврзан