• петок, 27 декември 2024

Шпан: Секој жител на Германија треба да прими засилувачка доза против Ковид-19

Шпан: Секој жител на Германија треба да прими засилувачка доза против Ковид-19
Берлин, 5 октомври 2021 (МИА) - Секој жител на Германија треба да прими засилувачка доза  вакцина против Ковид-19, одлучија регионалните министри за здравство на земјата во пресрет на четвртиот бран на пандемијата, објави „Гардијан“. Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан упати повик до сите граѓани да примат засилувачка доза. Сепак, германската комисија за вакцини Стико сè уште ги препорачува „бустер“ дозите само за лица на возраст над 70 години или за луѓе со здравствени проблеми кои се изложени на поголем ризик од тешка форма на ковид. Одлуката е донесена откако Германија денеска објави 37.120 новозаразени во последните 24 часа - рекорден пораст втор ден по ред. Министрите за здравство од 16-те германски провинции имаа дводневни разговори за тоа како да се справат со растечкиот тренд. Баварскиот министер за здравство Клаус Холечек на прес-конференција рече дека „федералните држави се согласуваат дека секој што примил втора доза пред шест месеци или повеќе да може да добие и засилувачка доза“. паг/    

Остани поврзан