• петок, 27 декември 2024

Шпан: Бројот на заразени се намалува, но далеку сме од местото каде што сакаме да бидеме

Шпан: Бројот на заразени се намалува, но далеку сме од местото каде што сакаме да бидеме
Берлин, 18 јануари 2021 (МИА) - Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека и покрај видливиот ефект на мерките за спречување на коронавирусот, треба да се стори повеќе за да се задржи под постојана контрола. - Се чини дека бројот на (инфекции) се намалува, што е добро, но сепак сме далеку од местото каде што сакаме да бидеме, изјави Шпан за телевизијата АРД. Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16-те покраини се очекува утре да разговараат за понатамошните чекори. - Во последниве денови, бројот на новозаболени лица се намалува, како и бројот на хоспитализации во одделите за интензивна нега за пациенти со Ковид-19, рече министерот Шпан.

Министерот за финансии Олаф Шолц рече дека „заклучувањето“ на државата може да биде продолжено за две недели, до средината на февруари.

Се дискутира за построги барања за компаниите, да им дозволат на своите вработени да работат од дома, задолжително носење маски во одделни региони, ограничувања на јавниот превоз и воведување полициски час.

Според „Гардијан“, министерот за надворешни работи Хајко Мас предложил на вакцинираните лица да им биде дозволено да посетуваат ресторани и кина. Другите министри се спротивставуваат на ваквите посебни права, стравувајќи дека може да предизвикаат социјално незадоволство во време кога секој нема можност да се вакцинира. паг/

Остани поврзан