• сабота, 23 ноември 2024

Шпанското обвинителство ќе ја обжали пресудата за Алвеш

Шпанското обвинителство ќе ја обжали пресудата за Алвеш

 

Мадрид, 2 март 2024 (МИА) – Шпанското обвинителство ќе вложи жалба на изречената пресуда на Дани Алвеш за бразилскиот фудбалер да добие построга казна од четири и пол години затвор на колку што е осуден поради силување, јавија светските агенции.

Изречената казна е за половина помала од деветте години затвор кои ги побара Обвинителството во случај Алвеш да биде прогласен виновен.

Адвокатите на жртвата бараа затворска казна од 12 години.

Поранешниот бразилски репрезентативец на 22 февруари во судот во Барселона беше осуден на казна затвор од четири и пол години поради сексуален напад врз жена во ноќен клуб во Барселона на 31 декември 2022 година.

Алвеш во судскиот процес го негираше обвинението, тврдејќи дека имал сексуален однос на кој девојката се согласила. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан