• среда, 25 декември 2024

Шпанските авиони исфрлија 26 тони пакети со хуманитарна помош во Појасот Газа

Шпанските авиони исфрлија 26 тони пакети со хуманитарна помош во Појасот Газа

Газа, 27 март 2024 (МИА) - Шпанските воени авиони денеска исфрлија 26 тони товар со хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа, а Мадрид воедно го повика Израел да ги отвори копнените гранични премини кон Газа за да се спречи епидемија на глад, соопшти денеска шпанското Министерство за надворешни работи. 

Испуштањето помош беше спроведено во координација со владата на Јордан и кофинансирано со помош на Европската Унија, а повеќе од 11.000 оброци беа исфрлени од авиони за да им се помогне на повеќе од еден милион луѓе во Појасот Газа кои се соочуваат со глад.

Други западни земји, вклучително САД, Франција и Германија, исто така доставуваат помош со фрлање пакети од авиони.

Хуманитарните агенции тврдат дека испораката во Газа, која во голема мера е уништена од израелските бомбардирања, е спречена поради бирократски пречки и небезбедна ситуација од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан