• четврток, 26 декември 2024

Шпанскиот репрезентативец Олмо ограбен на одмор во Валенсија

Шпанскиот репрезентативец Олмо ограбен на одмор во Валенсија
Валенсија, 20 јуни 2022 (МИА) – Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо, кој го носи дресот на бундеслигашот Лајпциг, бил ограбен за време на својот летен одмор во Валенсија. Олмо бил ограбен сред бел ден на излегување од фризерски салон во шпанскиот град. Локалните медиуми јавија дека на Олмо му бил украден скапоцен часовник. Крадците потоа брзо се упатиле кон својот автомобил, а братот на Олмо се обидел да ги спречи да побегнат и притоа бил повреден. Веста за грабежот ја потврди и клубот на Олмо, наведувајќи дека нивниот играч не е повреден во инцидентот. ег/паг/

Остани поврзан