• вторник, 24 декември 2024

Шпанскиот премиер се сретна со венецуелскиот опозициски лидер во егзил

Шпанскиот премиер се сретна со венецуелскиот опозициски лидер во егзил

Мадрид, 12 септември 2024 (МИА) - Претседателскиот кандидат на венецуелската опозиција Едмундо Гонзалес денеска се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез, четири дена откако побегна во таа европска земја.

Гонзалес доби азил во Шпанија откако венецуелската влада одлучи да му дозволи безбедно да ја напушти земјата, само неколку дена откако нареди апсење.

Неговото бегство беше удар за милиони луѓе кои ги положија своите надежи во неговата опозициска кампања, пренесува Бета.

Неговите поддржувачи во Венецуела и во странство, вклучително и САД, го сметаат за легитимен победник на претседателските избори на 28 јули.

Санчез, кој беше во Кина кога пристигна Гонзалес, објави видео од нивната средба на „X“.

-Шпанија продолжува да работи во корист на демократијата, дијалогот и основните права на братскиот народ на Венецуела, напиша Санчез.

Шпанскиот парламент вчера го одобри предлогот на Шпанската народна партија со која се повикува владата на Санчез да го признае опозицискиот лидер за избран претседател на Венецуела.

Предлогот е необврзувачки.

Шпанската влада го поддржува ставот на Европската унија дека од Мадуро се бара да ги објави резултатите од гласањето пред Унијата да го признае победникот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан