• сабота, 16 ноември 2024

Шпанскиот премиер Санчез ветува повеќе пари за сите автономни заедници

Шпанскиот премиер Санчез ветува повеќе пари за сите автономни заедници

Мадрид, 4 септември 2024 (МИА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска вети повеќе пари за сите автономни заедници за да ги намали критиките за договорот што го постигна со каталонските партии.

Санчез јасно стави до знаење дека и покрај тензиите со популистичката партија Заедно за Каталонија, тој ќе се обиде да состави буџет, пишува „Ел Паис“.

Тој најави дека следната недела Советот на министри ќе се обиде повторно да го усвои буџетот кој беше отфрлен во јули, кога партијата Заедно за Каталонија гласаше против. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан