• среда, 25 декември 2024

Шпанскиот Врховен суд одби да го амнестира Пуџдемон

Шпанскиот Врховен суд одби да го амнестира Пуџдемон

Мадрид, 1 јули 2024 (МИА) – Врховниот суд на Шпанија денеска одби да го амнестира поранешниот претседател на сеператистичката Влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон.

Според Врховниот суд амнестијата не може да се примени на дело проневера на средства и оти останува во сила налогот за апсење на Пуџдемон поради проневера на пари, непослушност и тероризам.

Пуџдемон, по неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година, е во егзил во Белгија. Тој на одлуката на Врховниот суд може да поднесе жалба.

Парламентот на Шпанија на 30 мај го одобри Законот за амнестија на каталонските сепаратисти кои беа вклучени во неуспешниот обид за прогласување независност во 2017 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан