• среда, 25 декември 2024

Шпанската полиција ги испитува каталонските сепаратисти

Шпанската полиција ги испитува каталонските сепаратисти
Барселона, 28 октомври 2020 (МИА) - Судот во Барселона денеска објави дека полицијата истражува неколку лица поврзани со движењето на каталонските сепаратисти, поради сомневање дека извршиле корупција и промовирале јавни немири. Под истрага се наоѓаат десет лица, меѓу кои и поранешните каталонски политичари Давид Мади и Ориол Вендрел. Каталонската телевизија ТВ3 ги опиша осомничените како „политичари со врски“ во двете главни каталонски партии кои се залагаат за независност на таа шпанска покраина. Неколку лидери на неуспешниот обид за одвојување на Каталонија од Шпанија во 2017 година во моментов се во затвор, додека други ја напуштија земјата. паг/  

Остани поврзан