• сабота, 23 ноември 2024

Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите

Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите

Мадрид, 30 октомври 2024 (МИА) - Шпанската влада денеска прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови на земјата, кои веќе достигнаа 64 лица, пренесоа француските медиуми.

Тридневната жалост ќе започне утре, 31 октомври и ќе трае до сабота, 2 ноември, изјави за новинарите министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес, додавајќи дека премиерот Педро Санчез утре ќе ги посети погодените области. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан