• петок, 27 декември 2024

Шпанската Влада нема сознанија за склучен договор за производство на Спутник В

Шпанската Влада нема сознанија за склучен договор за производство на Спутник В
Мадрид, 10 март 2021 (МИА) - Шпанската Влада денеска соопшти дека нема сознанија за постоење на каков било договор за произведување на руската вакцина против Ковид-19 Спутник В во Шпанија. Реакцијата на шпанкста Влада уследи откако Рускиот директен инвестициски фонд (РДИФ) соопшти дека е постигнат договор за производствот на вакцината Спутник В во Шпанија, во Франција и во ГЕрманија. - Во овој момент немаме сознанија дека се склучен каков било договор за производство во Шпанија, соопшти шпанското Министерство за здравство. ми/

Остани поврзан