• среда, 25 декември 2024

Шпанија: Уапсени 121 лице во акција против детска порнографија 

Шпанија: Уапсени 121 лице во акција против детска порнографија 

Мадрид, 12 ноември 20213 (МИА) - Шпанската полиција уапси 121 лице, меѓу кои 118 мажи и три жени, во една од најголемите операции спроведени во таа земја против детска порнографија.

Како што јави агенцијата ЕФЕ, во рамки на акцијата извршени се 125 претреси и одземени се 946 уреди со 500 терабајти порнографска содржина со малолетници.

При претрес на домовите и работните места на уапсените, одземени се 368 хард дискови, 427 ЦД-а и ДВД-а, 114 УСБ флеш драјвови, 37 мемориски картички, 60 компјутери, 47 мобилни телефони, шест таблети, видео камери и други електронски уреди, се наведува во соопштението од националната полиција.

Истрагата ја покренаа агенти на Централната единица за компјутерски криминал како дел од превентивната работа на кибер патролата во борбата против педофилските мрежи кои споделуваат досиеја со материјали за сексуална злоупотреба на деца преку Интернет.

Во операцијата учествуваа 46 територијални единици специјализирани за компјутерски криминал.

Сите уапсени ја користеле истата дигитална платформа за добивање и споделување нелегална содржина, се додава во соопштението од полицијата.

Во Мадрид е уапсен маж кој поседувал два милиони досиеја со снимки од сериозно сексуално злоставување на многу млади девојки.

Многу од видеата прикажуваа висок степен на насилство врз жртвите и биле распоредени на 10 хард дискови со голем капацитет.

Во еден од претресите извршени во Аликанте, инспекторите уапсиле маж кој поседувал голем број мултимедијални датотеки со експлицитни сексуални слики на двајца малолетни мажи, снимени во домот на уапсениот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан