• среда, 25 декември 2024

Шпанија испрати уште 10 тенкови „Леопард“ во Украина

Шпанија испрати уште 10 тенкови „Леопард“ во Украина

Мaдрид, 15 јули 2024 (МИА) - Шпанската влада испрати уште 10 тенкови „Леопард“ во Киев, соопшти денеска Министерството за одбрана во Мадрид.

„Почна префрлањето на 10 борбени тенкови „Леопард 2А4“ во Украина, откако беше извршен обемен процес на поправки и адаптации во фабриката „Санта Барбара Системас“ во градот Алкала де Гуадаира“, се наведува во соопштението.

Тенковите ги поминале сите потребни проверки за целосна функционалност.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека на Украина и се потребни 25 системи за воздушна одбрана „Патриот“ за целосно да го одбрани својот воздушен простор и да ја заштити целата земја од руски ракетни напади.

Тој додаде дека сака западните партнери да испратат повеќе воени авиони Ф-16 отколку што ветиле. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан