• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шпанија издвојува дополнителни две милијарди евра за одбрана

Шпанија издвојува дополнителни две милијарди евра за одбрана

Мадрид, 8 април 2025 (МИА) – Шпанија годинава ќе издвои дополнителни 2,08 милијарди евра за одбрана.

- Владата е подготвена да ја постигне (целта од два проценти) што е можно поскоро, истакна портпаролката на шпанската Влада, Пилар Алегрија.

Таа додаде дека дополнителните средства ќе се користат главно за модернизација, одржување и подобрување на персоналот, инфраструктурата и капацитетите преку постоечките договори.

Од 32 земји-членки на НАТО, Шпанија издвојува најмалку за одбраната, само 1,3 проценти од бруто домашниот производ. Шпанија за да ја достигне целата на НАТО од два отсто би требало да издвојува дополнителни 10 милијарди евра годишно.

Претходно, Шпанија вети дека целта ќе ја постигне до 2029 година, за подоцна да најави дека тоа ќе го направи многу побрзо, но не прецизира временска рамка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан