• понеделник, 29 јули 2024

Шпанија го собори рекордот на Мундијалите во посед на топка

Шпанија го собори рекордот на Мундијалите во посед на топка
Доха, 24 ноември 2022 (МИА) - Репрезентацијата на Шпанија постави рекорд по посед на топка на натпреварите од Светското првенство. Во вчерашниот натпревар од групната фаза на СП 2022 во Катар против репрезентацијата на Костарика (7:0), Шпанците имаа 81,7% од топката и го соборија рекордот на Аргентина, поставен на Светското првенство во 2010 година. Тогаш поседот на Аргентинците на натпреварот против Грција беше 80,3%. Светското првенство во 2022 година се одржува во Катар, а ќе заврши на 18 декември. Репрезентацијата на Шпанија игра во групата Е со Костарика, Германија и Јапонија. Следниот натпревар Шпанците ќе го одиграат на 27 ноември против Германците во 20 часот по македонско време. зс/

Остани поврзан