• среда, 25 декември 2024

Шпанија го преместува својот систем за противвоздушна одбрана НАСАМС од Летонија во Литванија како заштита на самитот на НАТО

Шпанија го преместува својот систем за противвоздушна одбрана НАСАМС од Летонија во Литванија како заштита на самитот на НАТО

Мадрид, 3 јули 2023 (МИА) - Шпанската војска го преместува системот за воздушна одбрана стациониран во Летонија во соседна Литванија за да помогне во заштитата на самитот на НАТО, што следната недела ќе се одржи во Вилнус, соопшти денеска шпанската Амбасада во овој град.

„Можеме да потврдиме дека Шпанија придонесува за безбедноста на самитот на НАТО во Вилнус со единицата за воздушна одбрана НАСАМС“, соопштија од амбасадата за новинската агенција БНС.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Вилнус на 11 и 12 јули.

И Германија ги премести своите единици за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија за да помогне во заштитата на самитот.

НАСАМС (NASAMS) (Национален напреден ракетен систем земја-воздух) е заеднички развиен од Норвешка и САД и е дизајниран да се бори против воздушните напади со беспилотни летала, проектили или авиони. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан