• сабота, 23 ноември 2024

Шпанија врати во Мароко 1.500 мигранти од пристигнатите 6.000 во Сеута

Шпанија врати во Мароко 1.500 мигранти од пристигнатите 6.000 во Сеута
Мадрид, 18 мај 2021 (МИА) - Шпанија врати во Мароко 1.500 мигранти од околу 6.000 кои стигнаа во шпанската енклава Сеута, изјави денеска шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.
 Тој за шпанската телевизија потврди дека околу 6.000 луѓе влегле во Сеута.
- Од нив, околу 1.500 мигранти се вратени во Мароко, рече Гранде-Марласка, додавајќи дека приливот на други мигранти продолжува.
Премиерот Педро Санчез го откажа планираното патување во Париз за денеска поради состојбата со мигрантите.
Вчера најмалку 6.000 мигранти пристигнаа во Сеута, меѓу кои има околу 1.000 деца. Станува збор за рекорден број мигранти кои пристигнале во Сеута за еден ден.
Стотици африкански мигранти секоја година прескокнуваат sидови на насипи, пливаат и се кријат за да стигнат до шпанските енклави. паг/  

Остани поврзан