• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шпанецот Лукас Перез нов фудбалер на ПСВ

Шпанецот Лукас Перез нов фудбалер на ПСВ


Ајндховен, 24 февруари 2025 (МИА) – Холандскиот фудбалски гигант ПСВ Ајндховен потпиша денеска договор со 36-годишниот напаѓач Лукас Перез до крајот на сезоната.
Перез пристигна во ПСВ како слободен играч откако во јануари го раскина договорот со Депортиво од родната Коруња.
Искусниот шпански фудбалер потпиша за ПСВ само една недела пред неговиот нов клуб да игра во осминафиналето против еден од неговите поранешни работодавци, лондонски Арсенал. Перез пристигна на Емирати од Депортиво во летото 2016 година за 20 милиони евра, но не успеа да се наметне.
„Работев напорно во последните недели, и на фудбалскиот терен и надвор од него и подготвен сум за докажување. Сакам да му помогнам на овој клуб да ги постигне своите цели за освојување на првенството и Купот“, изјави Перез. ег

Остани поврзан