• сабота, 23 ноември 2024

Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина

Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина

Москва, 23 април 2024 (МИА) - Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази во кои се складира оружјето доставено од Западот, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу, пренесен од британските медиуми.

Зборувајќи со претставници на одбраната, Шојгу, исто така, кажа дека Русија го „отфрлила митот за супериорност на западното оружје“ и нејзините сили постигнале иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.

Коментарот на рускиот министер следеше откако Вашингтон во саботата изрази подготвеност да и обезбеди на Украина нов пакет воена помош, изгласувајќи го во Претставничкиот дом предлог законот вреден речиси 61 милијарда долари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев наскоро ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS (ATACMS) како дел од пакетот. Американските власти велат дека помошта ќе вклучи и набавка на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана.

-Пропорционално на заканите од САД и нивните сојузници, ќе продолжиме да го подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемуваме производството на најпопуларното оружје и воена опрема, рече Шојгу.

„Ќе го зголемиме интензитетот на нападите против логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“, додаде тој.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан