• сабота, 23 ноември 2024

Шојгу назначи нови команданти на воената морнарица на Русија

Шојгу назначи нови команданти на воената морнарица на Русија

Москва, 2 април 2024 (МИА) – Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска назначи нови команданти на флотата на руската воена морнарица.

Врховен командант на морнарицата е адмиралот Александар Мојсеев, командант на северната флота е вицеадмиралот Константин Кабанцов, а командант на Црноморската флота е вицеадмиралот Сергеј Пинчук.

Шојгу им честиташе на тројцата за назначувањето на новите позиции, додавајќи дека имаат голема одговорност.

Мојсеев претходно ја предводеше Северната флота, заменувајќи го Николај Евменов, кој потоа стана врховен командант на воената морнарица. Од 2010 до 2016 година Кабанцов беше командант на 24-та дивизија на Северната флота, а во 2021 година беше назначен за прв заменик командант на Северната флота.

Вицеадмиралот Сергеј Пинчук командуваше со Касписката флотила на морнарицата од 2016 до 2021 година, по што беше назначен на функцијата прв заменик командант на Црноморската флота. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан