• четврток, 19 декември 2024

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) - Македонскиот пијанист Дино Имери денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од полскиот композитор Фредерик Шопен.

Организатор на рециталот е Амбасадата на Република Полска во земјава по повод Денот на уставот. 

Дино Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur - „Херојска“.

- Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење, соопшти организаторор. 

Настанот е бесплатен. мд/аа/

Фото: МИА архива и Дино Имери 

Остани поврзан