• среда, 25 декември 2024

Шолц ја потврди својата поддршка за вториот мандат на Урсула фон дер Лајен за претседателка на ЕК

Шолц ја потврди својата поддршка за вториот мандат на Урсула фон дер Лајен за претседателка на ЕК

Берлин, 27 јуни 2024 (МИА)  - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја потврди својата поддршка за Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија, јави ДПА.

-Нашата намера е политичката платформа што претходно ја поддржуваше г-ѓа Фон дер Лајен, треба да продолжи да го прави тоа и во иднина, рече Шолц при неговото пристигнување на самитот на ЕУ во Брисел.

ДПА потсетува дека во нејзиниот прв мандат како шеф на ЕК, Фон дер Лајен беше поддржана од Европската народна партија, социјалистите и либералите. Истите три европски политички семејства сега ја поддржуваат Фон дер Лајен и во обидот за нејзин реизбор.

Германската социјалдемократска партија на Шолц е дел од групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент. Нејзиниот главен противник во Германија - Христијанско-демократската унија, чиј претставник е Фон дер Лајен - е во редовите на централно-десничарската Европска народна партија.

-Сега за сето ова разговараме со нашите добри пријатели во Европа, рече Шолц, изразувајќи надеж дека Европскиот парламент ќе ги поддржи номинациите за највисоките европски функции, кои сега ќе ги направат лидерите на земјите-членки на ЕУ. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан