• среда, 20 ноември 2024

Шолц следната недела во Париз и Атина

Шолц следната недела во Париз и Атина
Берлин, 21 октомври 2022 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц в среда ќе престојува во еднодневна посета на Париз. Шолц ќе разговара за актуелните билатерални и европски прашања на заедничкиот работен ручек со францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата, соопшти портпаролот на германската влада Волфганг Бихнер. Виенскиот весник „Стандард“ денеска информира дека односите меѓу Берлин и Париз се разнишани поради одлуката на Шолц за мерките за ублажување на кризата без договор со францускиот претседател и оти Макрон ја откажал планираната средба на владите на двете земји. Еден ден подоцна, Шолц ќе разговара со својот грчки колега Киријакос Мицотакис во Атина. Бихнер најави дека во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните економски и европски теми. јт/

Остани поврзан