• сабота, 21 декември 2024

Шолц: Северна Македонија имаше храбри лидери, кои направија храбри чекори за да започне процесот на пристапување

Шолц: Северна Македонија имаше храбри лидери, кои направија храбри чекори за да започне процесот на пристапување

Париз, 9 мај 2022 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата со францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека е потребно да се испратат јасни сигнали за земјите од Западен Балкан и дека треба да се одржат ветувањата. Тој притоа истакна, дека Северна Македонија имаше храбри лидери, кои направија храбри чекори за да започне процесот на пристапување, јави дописникот на МИА.

- Ние треба да им испратиме сигнали на земјите од  Западен Балкан. Ние ќе ги одржиме нашите ветувања за да се надминат пречките кои се пред нас, за да се има тој разумен и сигурен пристап, рече Шолц, притоа нагласи дека „се  радува“ што Макрон потсетил на таа европска перспектива за земјите од регионот.

- Земјите на Западен Балкан се дел од европското семејство. Украина исто така. Ние работиме за Западен Балкан да го приближиме до Европската Унија, рече германскиот канцелар.

Одговарајќи на новинарско прашање, за предлогот на Макрон за „европска политичка заедница тој го оцени како „многу интересен предлог за соочување со големите предизвици со кои се соочува ЕУ“, притоа тој директно се осврна на проширувањето кон земјите од Западен Балкан и Северна Македонија. 

- Оваа идеја не не спречува да го завршиме, тоа што го започнавме и на што работиме веќе извесно време. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан, бидејќи тие донесоа многу длабоки и храбри одлуки. Тоа треба да биде наградено. Го наведувам примерот на Северна Македонија, таа имаше храбри политички лидери кои направија храбри чекори за да започне процесот на зачленување. Ние не треба да ги обесхрабриме тие храбри чекори, додаде германскиот канцелар.

Францускиот претседател од своја страна нагласи дека е решено да се одржи самит за Западен Балкан во јуни, што ќе се одржи непосредно пред европскиот самит. За тоа ќе се има блиска и координирана француско-германска соработка за да се може, токму на сите овие ситуации, да се работи заедно, „за да дозволиме прво да се решат ситуациите на разлики кои сè уште постојат и да им ја разјасниме на сите земји од Западен Балкан европската агенда која во голема мера е нивна“, рече Макрон.

Макрон притоа потсети на неколкуте предлози кои ги даде во Стразбур, во име на Франција за кои ќе се разговара и за кои веќе се зборувало неколку пати.

-Но мислам дека можам да кажам дека заедно го споделуваме и убедувањето дека надвор од Западен Балкан, имаме потреба да го преиспитаме европскиот политички простор, тоа е целта на оваа европска политичка заедница, предложена утринава. за да може да се изгради мир и стабилност на соработката за најгеополитичките прашања на нашата Европа.

Запрашан да ја појасни неговата идеја за европска политичка заедница и дали земјите од Западен Балкан се повикани да се приклучат кон неа, Макрон одговори дека оваа „идеја доаѓа од фактот дека  има географска реалност. Европа е континент кој се наметнува преку едноставно читање на светската карта и дека за вистински да „ се закотви демократијата и стабилноста во Европа, треба да се најде вистинската политичка и геополитичка форма на конвергенција и стабилност“ на континентот.

-Се досега на ова прашање одговоривме со проширување, од степенот на интегрираност на интимноста на зближувањето, барањето на стандардите на нашата Европска Унија, значи дека оваа перспектива за држави како Украина или неколку други не е остварлива на хоризонтот од неколку години.

Според Макрон може да се има  забрзана процедура,  за да се прифати статусот на кандидат за членство на Украина, „но сите знаеме дека со оглед на нашите стандарди да се биде членка, ќе бидат потребни години, веројатно децении за да Украина навистина се приклучи на Европската унија“. ,

Тој продолжи со своето објаснување, дека не сака да го преземеме ризикот да предизвика очај кај „оние соседи и ја имаат и оваа географска близина и кои се приврзани за истата база на вредности на кои инсистира “. Бидејќи, според него  Украина денес добро се бори за тие вредности, таа ги презема сите ризици за тоа.

-Нас ни треба да се изгради нова политичка форма, не само правна. Ние имаме правна форма, Советот на Европа со Европскиот суд за човекови права, кој дава права, што згора на тоа се загрозени, потресени од излегувањето на Русија.

Макрон е на мислење дека  треба да се најде нова политичка форма која ќе овозможи „да се стигне до Европа на држави кои ги споделуваат нејзините вредности, кои се во оваа географија и заедно да се изгради политичка координација, форми на солидарност во однос на безбедноста и кои не се исто како НАТО.“ Тука се и елементите на солидарна соработка за да се дефинираат соработките и енергијата, бидејќи ја гледа интеграцијата и солидарноста што постои во Европа за овие енергетски прашања кои се многу структурирани, за да може заедно да се напредува по прашањата на инфраструктура за поврзување, „која е во срцето на агендата што ја имаме за земјите од Балканот и меѓу Западен Балкан и нашата Европа. Но тоа е вистина многу пошироко за циркулацијата на луѓе, а особено на младите луѓе. “

-Оваа агенда не значи дека земјите кои можеби имаат интерес со нас за овие прашања, се подготвени да влезат во ЕУ. Затоа она што мораме да го направиме, ми се чини, е преку работа на консултации и развој, сега, да ја изградиме оваа европска политичка заедница за да одговориме на ова прашање, бидејќи нашата политичка стабилност и нашата безбедност се во прашање, објаснуваше Макрон.

Покрај тоа што има земји кои веќе ја започнаа пристапната процедура и кои ќе влезат, Макрон мисли  дека по ова прашање треба се да оди до крајот на патот.

- Прашањето се поставува за оние и оние кои сè уште не го започнале овој пат, за земји како Босна и Херцеговина, кои се многу подалеку или други во Западен Балкан, за Украина. А исто така и за другите земји кои се вовлечени во прашањата за пристапување во Европската Унија, понекогаш со децении, рече тој.

Макрон не сака да става линија или исклучување на некој начин, но сега тој вели дека мора да се спроведеме оваа политичка консултација, за да се види интересот и, тоа според него е можеби и начин за наоѓање стабилност и друга форма на соработка со земји како Обединетото Кралство, која одлучи да ја напушти нашата Европска унија, но која може да има целосно место во оваа политичка заедница.

Францускиот претседател се надева дека тоа ќе биде постигнато преку тесна соработка со канцеларот. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан