• среда, 25 декември 2024

Шолц по разговорите со Си: Важно е двете економски сили да разговараат за тешки теми

Шолц по разговорите со Си: Важно е двете економски сили да разговараат за тешки теми

Рио де Жанеиро, 19 ноември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска разговараше за војната меѓу Русија и Украина со кинескиот претседател Си Џинпинг и рече дека е важно двете економски сили да разговараат за тешки теми.

-За нас е важно да зборуваме за големи проблеми и предизвици. На пример, руската агресивна војна против Украина или опасните ситуации што ги гледаме на други места во светот, рече Шолц по разговорот со Си на маргините на состанокот на Групата 20 во Бразил.

Тој рече дека никој не треба да се плаши од своите соседи, што е централниот принцип на мирот во светот, „на кој сме посветени“.

Шолц го истакна и германскиот интерес за економска соработка.

-Важно е да се обезбедат еднакви услови да ги придружуваат економските активности на компаниите од сите страни, што е клучно за условите за идната работа, рече тој.

Лидерите на Г-20 на самитот во Бразил претходно денеска усвоија заедничка декларација со која се бара зголемување на хуманитарната помош за Газа и крај на војната во Украина, но не успеаја да постигнат целосен консензус. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан