• среда, 18 декември 2024

Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември

Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември

Берлин, 13 ноември 2024 (МИА) - Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) потврди денеска дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го патот за вонредни избори што ќе се одржат на 23 февруари следната година.

Во говор во германскиот Парламент тој денеска рече дека е неопходно, правилно и неизбежно да се разреши министерот за финансии Кристијан Линднер и покрај тоа што владејачката коалиција доживеа колапс како резултат на тоа и дека е благодарен што нови избори ќе да се одржи на крајот на февруари.

Шолц рече дека има „итни прашања“ за кои германските партии треба да се договорат пред изборите, како што се зголемувањето на детскиот додаток, фискалните прашања и инфлацијата.

Тој во говорот повика и на поголема заштита на Уставниот суд на Германија.

Како што претходно објави Билд, денеска во Бундестагот се одржува историска дебата на која присуствува целата прва гарда на германската политика.

Самиот канцелар Шолц зборуваше 30 минути, а потоа лидерот и кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар Фридрих Мерц, шефицата на дипломатијата Аналена Бербок, лидерот на ФДП Кристијан Линднер, кандидатот на АфД за канцелар Алис Вајдел.

На седницата ќе се обрати и лидерот на Христијанско-социјалната унија и премиер на Баварија Маркус Зедер.сд/

фото:ДПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан