• вторник, 24 декември 2024

Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија

Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија

Шверин, 3 октомври 2024 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц ги предупреди германските граѓани никогаш да не ги заборават негативните последици од повторното обединување за некои од луѓето во поранешна Источна Германија.

- За милиони источни Германци, тогашниот пресврт значеше ослободување и нов почеток. Но, за милиони, пресвртот во годините по повторното обединување значеше пред сè едно: колапс, рече тој додека нацијата го одбележува повторното обединување, a овогодишниот главен настан се одржува во северниот град Шверин.

На многумина им пропадна целиот живот, што беше „девалвација на нивното знаење, нивните искуства, нивниот животен труд“, истакна Шолц.

- Тоа е исто така дел од историјата на Германија од 1990 година. Тоа никогаш не смее да се заборави или да се фрли под тепих, додаде германскиот канцелар. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан