• сабота, 23 ноември 2024

Шолц: Нападите со дронови знак на очај на Москва

Шолц: Нападите со дронови знак на очај на Москва
Берлин, 25 октомври 2022 (МИА) - Постојаните руски напади со дронови во Украина претставуваат знак на очај на Москва, смета германскиот канцелар Олаф Шолц, истакнувајќи колку е важно планирањето за обнова на земјата. Во обраќањето на конференцијата во Берлин за обнова на Украина, Шолц посочи дека историјата на Германија покажува оти можно е да се обнови земја и после разорна војна. Поради тоа, како што додаде тој, важно е да се планира иднината на Украина како просперитетна и демократска членка на Европската Унија и извозник на зелена енергија и високотехнолошки добра. - Оваа конференција зборува за создавање на Маршаловиот план за 21 век, подвлече германскиот канцелар. Според него, украинската посветеност на ЕУ е една од најзначајните геополитички одлуки на оваа ера. бд/ссм/

Остани поврзан