• сабота, 23 ноември 2024

Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО

Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО

Приштина, 16 мај 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) претставува „цврст модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојната најдобра практика во Европа“.

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во СЕ, доколку не започне со формирање на ЗСО.

„За жал, чекорите што ги предлагате не се однесуваат на итната потреба од решителни чекори кон формирањето на Заедницата и ризикуваат дополнително да го поткопаат дијалогот што го води ЕУ. Прво, нацрт-статутот што го презентираше специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак не е само „џентлменски предлог“ туку тоа е солиден модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојните најдобри практики во Европа, како и уставната и правната рамка на Косово. Уште еднаш нагласуваме дека не сакаме нефункционално Косово“, се наведува меѓу другото во писмото.

Лидерите на трите земји нагласуваат дека ЗСО, како што е предложена од ЕУ, „во никој случај не е споредлива со Република Српска“.

„Второ, поднесувањето на овој нацрт до експертите на Советот на Европа не би бил неопходен одлучувачки чекор, бидејќи нивното мислење нема да биде правно обврзувачко. Тоа може да се постигне само со испраќање до Уставниот суд на Косово, за да да биде прифатлив за тој суд, како што беше објаснето во Брисел, во дијалогот што ја води ЕУ, нема правни пречки да се направи овој чекор на општините, не е ниту соодветна ниту применлива, поради актуелните околности во овие општини“, се продолжува во одговорот на европската тројка до косовскиот премиер.

Писмо било испратено еден ден пред писмото на Владата да биде упатено до претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, во кое се наведува дека Владата подготвува нацрт на статутот на Заедницата на српски општини, што ќе биде испратен до Уставниот суд на Косово до крајот на мај.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан