• сабота, 23 ноември 2024

Шолц, Макрон и Бајден: Чекорот на Русија нема да остане без одговор

Шолц, Макрон и Бајден: Чекорот на Русија нема да остане без одговор
Берлин, 21 февруари 2022 (МИА) - Едностраниот чекор на Русија е јасно кршење на Договорот од Минск и тој чекор нема да остане без одговор, соопштија вечерва во заедничка изјава германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џозеф Бајден. -Канцеларот Шолц вечерва разговараше со Бајден и Макрон по влошувањето на ситуацијата во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Указот за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) во источна Украина, изјави портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт. „Тие се обединети во изјавата дека овој унилатерален чекор на Русија е јасно кршење на Договорот од Минск. Германија, Франција и САД остро ја осудуваат одлуката на рускиот претседател. Тој чекор нема да остане без одговор“, се наведува во заедничкото соопштение. Шолц, Макрон и Бајден изразија солидарност со Украина и ја пофалија досегашната воздржана реакција од  претседателот Володимир Зеленски. Тие нагласија дека нема да попуштат во нивната посветеност на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. сд/

Остани поврзан