• понеделник, 23 декември 2024

Шолц и честита на Санду

Шолц и честита на Санду

Берлин, 4 ноември 2024 (МИА) – Ние сме на страната на Молдавија, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц во честитката до Маја Санду за нејзината победа на изборите за претседател на Молдавија.

- Санду успешно ја водеше Молдавија низ тешки времиња и ја постави на европскиот пат. Ние сме на страната на Молдавија, напиша Шолц откако Санду прогласи победа на вчерашните претседателски избори.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, освои втор мандат, соопшти изборната комисија на земјата.

Со повеќе од 98 отсто преброени гласови од вториот круг на изборите за претседател што се одржа вчера, Санду обезбеди околу 54 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати на комисијата.

- Молдавија, денес вие сте победници. Заедно, ја покажавме силата на нашето единство, демократија и посветеност на достоинствена иднина, напиша Санду на Х доцна синоќа. јт/

Остани поврзан