• среда, 25 декември 2024

Шолц и Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ кај Москва

Шолц и Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ кај Москва

Берлин, 23 март 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва.

Шолц на платформата „Икс“ напиша дека го осудува терористичкиот напад врз недолжните посетители на концертот во Москва.

„Нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените“, рече Шолц.

Камерон на платформата „Икс“ напиша дека такво „ужасно насилство“ не може ништо да оправда. Камерон изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад загинаа 93 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопшти Рускиот истражен комитет. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан